Вечерва во рамките од 12 коло во најсилната италијанска Серија А во Торино ремизираа екипите на Јувентус и Аталанта (1:1).
„Старата дама“ поведе со голот на Киеза од 29 минута, а израмнија гостите преку Фројлер во 57 минута од средбата.
Четири минути подоцна Роналдо имаше шанса повторно да биде херојот на Јуве, но изненадувачки овојпат не беше прецизен од белата точка, иако во најголем дел ги реализира ваквите шанси.
Пред головите Мората се најде во центарот на вниманието кој наместо рутински да постигне гол, тој се посрамоти во обидот со „пета“.
На табелата Јувентус е на третата позиција со 24 бодови, зад Милан (27) и Интер (24) кои имаат по еден меч помалку, додека Аталанта е осмопласиран (18).