ФИБА на околу две седмици до стартот на Светското првенство, објави „Пауер Ранкинг“, односно листа со фаворити за тронот.

Турнирот кој ќе се игра на Филипините, во Индонезија и Јапонија ќе започне на 25 август, а одново прв и главен фаворит за тронот се Соединетите Американски Држави. По нив следуваат селекциите на Франција и изненадувачки Австралија.

Бранителот на тронот, Шпанија бележи сериозен пад и е шести фаворит, а пред нив се уште Словенија и Германија. Во Топ 10се уште Канада, Италија, Србија и Доминиканската Република.

Турнирот стартува на 25 август и ќе трае до десетти септември.

Прикажи повеќе