Бернардо Силва непосредно пред почетокот на сезоната во Премиерлигата решил да го напушти Манчестер Сити. Португалскиот фудбалер разговарал со менаџерот Пеп Гвардиола и му рекол дека повеќе не се гледа себеси во тој клуб, пренесува „Мундо Депортиво“.
„Минатото лето, на крајот од преодниот рок, тој остана без трансфер во Барселона, а сега е свесен дека ова е можеби неговата последна шанса да замине во Барса и да го исполни својот детски сон“, пишуваат каталонските медиуми.
Португалецот верува дека со освојувањето на Лигата на шампионите го заврши својот циклус во Манчестер Сити минатата сезона и дека е време да замине во неговиот омилен клуб и градот што ги фасцинира и него и неговата сопруга. Гвардиола му вети минатата сезона дека ќе му дозволи да си оди ако Барселона испрати разумна понуда.