Реал Мадрид подготвува мала реконструкција во редот за врска. Главни играчи во овој дел од тимот се ветераните Лука Модриќ и Тони Крос. Во иднина нив треба да ги наследи англискиот репрезентативец, Џуд Белингем. Според медиумите, 19. годишниот фудбалер треба да потпише за Реал Мадрид веднаш штом ќе заврши сезоната, и покрај тоа што челниците на Борусија Дортмунд негираат дека добиле понуда за aнгличанецот.
Покрај Реал Мадрид, најреални опции за ова момче беа Ливерпул и Манчестер Сити, но тој нема намера да се врати во Англија. Менаџерите на Белингем одамна ги информирале челниците на Реал Мадрид дека сакаат трансфер во тој клуб, а интересно е што Патрик Бергер, новинар од Германија кој е исклучително популарен, истакна дека семејството на Белингем енергично го одбило Манчестер Сити од причина што тоа е „пластичен клуб“.
Во суштина, јасно е дека неговиот трансфер во Реал Мадрид дефинитивно ќе биде летен трансфер број 1, барем кога се во прашање финансиските детали бидејќи сигурно ќе биде платен над 100 милиони евра. Во сите натпреварувања оваа сезона, Белингем постигна 14 гола и додаде седум асистенции.