Фудбалерите на Челзи го загубија првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид (2-0). „Сините“ се во големи проблеми, не се наѕира крајот на кризата, а ако елитното натпреварување беше светла точка во сезоната, сега и таму гледаат кон елиминација.
Со поразот во Мадрид, Челзи успеа да сруши свој неславен рекорд стар триесет години. Имено, тимот кој сега го води Франк Лампард првпат по 1993 година не постигна гол на четири последователни натпревари во сите натпреварувања. „Сините“ на оваа низа ги нанижаа поразот од Астон Вила (2-0), ремито со Ливерпул (0-0), поразот од Вулверхемптон (1-0) и вчерашниот натпревар со Реал Мадрид.
Иако новото сопствеништво од минатото лето досега потроши преку 600 милиои евра за засилувња, резултатите се катастрофални и потребни се промени за да се врати моментумот. Челниците се одлучија да го заменат Грем Потер со Лампард кој е привремено решение до крајот на сезоната, а налето ќе се бара нов тренер за проектот./Gol.mk/