Шпанскиот 52-годишен фудбалски стратег Хави Гарсија е нов тренер на Лидс со кого потпиша „флексибилен“ договор и го замени на клупата Џеси Марч, објави клубот од Премиер лигата.
Американецот Марч беше отпуштен пред две недели по серијата слаби резултати поради кои Лидс се најде во зоната на испаѓање по 23 одиграни кола.
„Лидс Јунјатед со задоволство објавува дека клубот ги договори условите со Хави Гарсија за ангажман на позицијата главен тренер на првиот тим, доколку му биде издадена работна дозвола‘, се наведува во клупското соопштение.
Гарсија не е непознат тренерски лик во Премиер лигата. Од јануари 2018 до септември 2019 година шпанецот Гарсија го тренираше Ватфорд и со клубот играше во финале на ФА купот.