Светската фудбалска организација, ФИФА, поведе постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија.

Advertisements

Како што се наведува во соопштението на ФИФА, Србија е обвинета од Дисциплинската комисија за прекршување на точките 12, 13 и 16. Тоа се: недолично однесување на фудбалерите и официјалните лица, потоа дискриминација и ред и безбедност на стадионот.

Сето ова се случило на мечот со Швајцарија што Србија го загуби со 3:2 и со тоа го заврши учеството на Светското првенство во Катар веќе по првата фаза.

Прикажи повеќе