Фудбалската селекција на Јапонија приреди нова сензација на Светското првенство во Катар. Ако вчера Саудиска Арабија по пресврт славеше над големата Аргентина, денес Јапонците не се предадоа против моќната Германија и исто така пo примен гол се изборија за голема победа (1-2) на стартот од групата Е.

Advertisements

Шанси се нижеа пред голот на Гонда, Гнабри и Хаверц не ја погодија целта, но затоа на висината на задачата беше асот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, кој во 33. минута од пенал погоди за водство на „панцерите“ од 1-0, резултат со кој се замина на одмор. Пред фудбалерите да заминат во соблекувалните Хаверц за момент ги израдува германските фанови, погодувајќи во 49. минута, но се активари ВАР и поради офсајд не беше признат голот на напаѓачот на Челзи.

Германците моќно го отворија вториот дел. Гнабри и Мусиала беа во фокусот со нови промашени зицери, додека Гундоган ја затресе стативата. Веднаш потоа следуваше неочекуван шок за големиот фаворит. Трпеливите Јапонци дури во 75. минута ја дочекаа својата шанса, откако Доан искористи еден отпадок и погоди за 1-1. Само осум минути подоцна Германците паднаа во очај. Итакура го исфрли во празно Асано, кој по одличниот прием излезе сам пред Нојер и со прекрасен удар од речиси мртов

Прикажи повеќе