Тричасовниот маратон, кој траеше скоро до полноќ, заврши со победа на Стефанос Циципас над Данил Медведев со 2-1 во сетови (6-3, 6-7, 7-6). Гркот со еден брејк го освои првиот сет со 6-3. Во вториот Циципас не искористи три меч топки во тај-брејкот, па русинот го доби трилерот со 13-11 и обезбеди трет сет. Иако Медведев имаше брејк во одлучувачкиот сет, сепак Циципас се врати, издејствува тај-брејк и славеше во него.

Advertisements

Циципас во директен дуел со Рубљов ќе одлучи, кој покрај Ѓоковиќ од оваа група ќе патува во елиминационата фаза. Данил Медведев е веќе елиминиран и во третото коло за престиж, АТП бодови и парична награда ќе се обиде да го победи Новак Ѓоковиќ.

Прикажи повеќе