Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се повреди при постигнувањето на гол во последната минута, со што му донесе реми на неговиот тим 1-1 против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите. Силниот Германец се судри со голманот и заврши со раскрвавено лице.
По натпреварот поранешниот играч на Челси сподели свои фотографии – една од теренот, како и една од авионот на враќање во Шпанија.
„Она што не те убива, те прави посилен. Добро сум – ви благодарам за пораките“ и „Живи сме“, напиша Рудигер на објавите.
Неговиот соиграч Давид Алаба го нарече „Воинот“. Реал Мадрид со овој гол веќе обезбеди пласман во осминафиналето. /Makfudbal/