Португалскиот тренер Фернандо Сантош е осуден за затајување данок. Сантош е казнет од португалското правосудство, пренесува „RMC Sport“.
Локалниот суд пресуди во корист на даночната администрација. Станува збор за судење во кое Сантош беше обвинет дека не платил доспеани даноци. Португалскиот тренер требаше да добие плата која ќе ја исплати Португалската фудбалска федерација (ФПФ) преку компанијата Фемакоса, која самиот ја има основано.
Благодарение на тоа што неговата плата одела преку оваа компанија, Сантош можел да плати помалку данок. Според одлуката на судот, португалскиот тренер, како и неговата сопруга Гилхермина Коста Сантош сега се обврзани да вратат 4,5 милиони долари. Судот ја казни и португалската федерација поради соучесништво.
ФПФ го ангажираше Сантош во 2014 година. Пред тоа тој ја водеше грчката репрезентација. 68-годишниот тренер го замени Пол Бент како тренер. Веднаш потоа се пласираше на завршниот турнир на Евро 2016 каде заедно со своите играчи ја освои титулата европски првак./Ekipa.mk/