77 рудари се заробени во рудник за јаглен во областа Доњецк во источна Украина поради континуирано бомбардирање, јавува руската новинска агенција РИА, пишува skynews.

Advertisements

Рударите останале заробени под земја по прекинот на електричната енергија во рудникот Засјадко.

„Како резултат на гранатирањето (на украинските сили) беше исклучена струјата во рудникот Засјадко во Доњецк, 77 рудари останаа под земја“, соопшти РИА.

Во меѓувреме, Британското Министерство за одбрана во денешното соопштение рече дека Русија најверојатно ги регрупирала трупите за да напредуваат јужно од источниот украински град Изиум во последните 48 часа.

“Неговата цел била да навлезе подлабоко во регионот Доњецк и да го опкружи Северодонецк”, соопштија од Британското Министерсвто за одбрана .

Прикажи повеќе