Кристијано Роналдо стана најследената личност на Инстаграм и првата личност која собрала неверојатни 500 милиони следбеници на таа социјална мрежа. Роналдо има 124 милиони повеќе следбеници од Лео Меси, кого на таа социјална мрежа го следат 376 милиони луѓе. Третата најследена личност на Инстаграм, Кајли Џенер, има 372 милиони следбеници.

Роналдо до тркалезната бројка стигна благодарение на фотографијата со Лео Меси која ја објави пред неколку дена и која за краток период собра 37 милиони лајкови.

Кристијано Роналдо следи нешто повеќе од 500 профили на Инстаграм.

Според некои проценки, Роналдо заработува околу 2,3 милиони долари по платена објава на Инстаграм. Фудбалерот често ги рекламира брендовите со кои има договори и свои брендови, а редовно објавува и семејни фотографии.