Едно од најубавите работи во лето, покрај долгите и топли денови, се и лубениците. Скоро сите ги обожаваме, особено кога се ладни, бидејќи се вистинско слатко освежување.

Лубениците имаат значително помалку шеќер во споредба со другите зеленчуци, а освен тоа, богати се и со витамини А, Ц и Е, минерали и антиоксиданси, пишува Healthline.

Иако често велиме дека е овошје, всушност е зеленчук и припаѓа на семејството на тикви.

Поради хранливите состојки што ги содржи, има бројни придобивки за нашето здравје, кои можете да ги дознаете во продолжение.

1. Ја хидрира кожата

Не е тајна дека лубеницата содржи висока концентрација на вода, поради што делува освежувачки на организмот. Покрај тоа, витамините Е и Ц имаат и хидрантни придобивки. Додека витаминот Е е познат по своите импресивни хидратантни својства, се покажа дека витаминот Ц истовремено ја намалува загубата на влага. Едноставно кажано, витаминот Е обезбедува влажност, додека витаминот Ц помага да се „заклучи“ во кожата.

2. Добар антиоксиданс

Лубеницата е добар извор на антиоксиданси, пред се витамин Ц, витамин А, бета-каротин, како и соединенија од групата каротеноиди-ликопен.

Овие моќни антиоксиданси ги неутрализираат слободните радикали, кои можат да предизвикаат бројни штетни трансформации.

3. Го стимулира варењето

Лубеницата има висока содржина на вода, а содржи и влакна. Овие хранливи материи помагаат во одржувањето на здравјето на цревата со спречување на запек и поттикнување на правилно движење на дебелото црево.

4. Го ублажува воспалението на мускулите

Во една студија од 2017 година, спортистите пиеле два часа пред да истрчаат полумаратон – едниот половина литар плацебо сок, другиот иста количина сок од лубеница со додаток на Л-цитрулин. Оние кои конзумирале пијалок од лубеница пријавиле мала болка во мускулите 24-72 часа по трката.

5. Добро е за здравјето на срцето

Ликопенот, кој го содржи ова светло црвено овошје, може да помогне во стабилизирање на крвниот притисок. Исто така, може да го намали холестеролот и да помогне во одржувањето на нашите артерии здрави.