Иако љубовта е една од најубавите работи на светот, односите можат да бидат комплицирани, особено кога едната личност во неа не е фер кон другата.

Многу жени се најдоа во врска заљубени до уши на личност за која мислеа дека е љубовта на нивниот живот, а таа љубов не беше возвратена во иста мера. И додека чувствувавте пеперутки во стомакот и бевте зафатени со планирање на заедничкиот живот, за него всушност бевте само уште една опција.

За да не ви се повтори ова и да не страдате во иднина, обрнете внимание на четирите знаци кои непогрешливо откриваат дека вие не сте неговиот прв избор.

1. Ви пишува пораки само кога му е досадно

Се разбира, секоја негова порака ќе ве направи среќни, но прилично е поразително да се знае дека тој тоа го прави само кога му е досадно. Доколку пораките се неправилни и пристигнуваат во слично време, односно кога нема друга забава, јасно е дека мисли на вас само кога му е досадно.

2. Вие не сте негов приоритет

Ако ви се случи кога и да му се јавите или да му напишете порака, тој да не одговори или да одговори по неколку дена, а со сето тоа секогаш има различен изговор – работата е сосема јасна, вие не сте му приоритет.

3. Не го интересира ништо за вашиот живот

Ако само вас ве интересира неговиот живот, неговиот ден, хобија, планови, јасно е дека не го интересира ништо за вас.

Многу е веројатно дека времето поминато со вас се користи за да се пополни времето.

4. Откако ќе разговарате со него, се чувствувате безвредно

Ако се чувствувате депресивно, безвредно или тажно по разговорот со него, таа врска не носи ништо добро во вашиот живот. Ако тоа влијае на вашата самодоверба и фактот дека постојано се прашувате дали сте кажале нешто погрешно, дали вашите ставови, планови или избори се погрешни – држете се настрана од него. Тој не ве гледа како личност чија личност треба да се почитува.