Првиот контингент вакцини против ковид-19, нарачан од Босна и Херцеговина (БиХ) преку механизмот КОВАКС, денеска пристигна на меѓународниот аеродром во Сараево. Станува збор за 23.400 дози вакцини од Фајзер.Бионтек, а во текот на денот се планира испорака на 26.400 дози вакцини од АстраЗенека, кои ќе пристигнат со авион од Истанбул, околу 20 часот, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

Процесот на набавка на вакцини преку механизмот КОВАКС во БиХ започна во јули, а договорот беше потпишан на 18 септември 2020 година. Овој механизам, кој опфаќа 186 земји, е координиран од Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), Светската здравствена организација (СЗО) и Коалицијата за епидемиска подготвеност (ЦЕПИ) и има за цел да обезбеди рамномерна дистрибуција на вакцините до најсиромашните земји во светот.

– Advertisement –

Прикажи повеќе