Малолетничка во тешка состојба била лекувана во ГОБ „8-ми септември“ од коронавирус.

Била хоспитализирана во тешка состојба, по 10 дневно домашно лекување. Девојчето кое имало 17 години, не било вакцинирано.

Лекарите апелираат граѓаните побрзо да се јавуваат во болница по појава на симптоми.

Моментално осум од хоспитализираните пациенти во болницата се во тешка состојба на интензивна нега.

Останатите се на кислородна поддршка.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.