Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Додека Артан Груби е вицепремиер неговиот брат Ветон Груби на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје купи голем деловен простор со површина од 127 м2, изјави денеска Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: Груби вицепремиер, а брат му купи деловен простор од половина милион евра

Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Додека Артан Груби е вицепремиер неговиот брат Ветон Груби на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје купи голем деловен простор со површина од 127 м2, изјави денеска Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра.

Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на кој било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.

Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство да не чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.

Продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи“, изјави Лефков.

Тој на две конференции за медиумите обвини дека фирма за баждарење на бензинските пумпи не случајно е поврзана токму со Ветон Груби, а за директорката на Бирото за метрологија Мерита Мустафаи, Лефков рече дека гради куќа која не е пријавена на нејзино име.