Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка реагираше за  ситуацијата на северот на Косово, оценувајќи дека ” неиспровоцираните насилни напади врз силите на КФОР и медиумите  се неприфатливи и мора веднаш да бидат прекинати“.

– Ја изразуваме нашата целосна поддршка за КФОР и посакуваме брзо закрепнување на повредените војници. Во овој момент клучна е деескалацијата на создадената состојба, стои во реакцијата.

Шефицата на албанската дипломатија подвлекува дека „дијалогот со посредство на ЕУ е патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и заемно признавање што ќе обезбеди трајна стабилност во нашиот регион“.