Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (44) е меѓу номинираните играчи за влез во кошаркарската Куќа на славните во 2022 година.

Џинобили настапуваше за Сан Антонио од 2002 до 2018 година и со „Спарси“ освои четири НБА титули (2003, 2005, 2007, 2014). Исто така, беше клучен играч во аргентинската репрезентација, која на Игрите 2004 во Атина го освои олимпиското злато.

На европско почва со италијанската екипа Виртус Болоња ја освои Евролигата.

Финалистите во изборот ќе бидат претставени на НБА Ол-стар натпреварот во февруари во Кливленд, додека имињата на новите членови на Куќата на славните ќе бидат соопштени во април за време на фајналфор турнирот на американската универзитетска кошаркарска лига.