НБА тимот Филаделфија сака до крајот на преодниот рок кој трае до 10 февруари, да го доведе во своите редови, Џејмс Харден од Бруклин нетс.

Според информациите од САД, генералниот менаџер на Филаделфија, Дерил Мори има план да направи тим за атак на титулата и за прво големо име кое сака да го ангажира е токму Харден.

„Атлетик“ пишува дека преговорите меѓу двете екипи веќе се започнати и постојат големи шанси Харден до 10 февруари да стане нов кошаркар на Филаделфија.

Харден не е задоволен со својот статус во Бруклин и планира по завршување на сезоната да ја напушти екипата како слободен играч. Но, Мори сака да го донесе Харден во Филаделфија уште сега и подготвува размена во која ќе бидат вклучени неколку играчи.