Уставните измени не се диктат од Бугарија, туку правила договорени со ЕУ кои Северна Македонија мора да ги следи, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламентот за земјава, Илхан Ќучук.
Во интервју за БНР пред денешната седница на македонското Собрание за промена на Уставот, тој истакнува дека поставените услови не се бугарски, туку европски, со кои се согласиле Бугарија и Северна Македонија за време на француското претседателство, што беше потврдено и од парламентите на двете земји.
– Нема да има промена на ставот на ЕУ – нема желба за тоа, ниту ЕК и Советот ќе се заложат за промена на правилата неколку месеци пред европските избори. Правилата се такви, тие се договорени и сите мора да ги почитуваат. Второ – нема да има подобар предлог, затоа што ова е најдобриот. Никој не му ги врти рацете на Скопје, никој не поставува дополнителни услови. Ова не е никаков бугарски диктат, туку ова се европските правила по кои треба да оди Северна Македонија, вели Ќучук
Според него, сето тоа бара политички напор и желба земјата да оди во една или друга насока.
– Северна Македонија е наш сосед и стратешки интерес на Бугарија треба да биде заедно да бидеме дел од НАТО и ЕУ на Балканот. Тоа е иднината. Но, изборот е исклучиво за Северна Македонија. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страната на европеизацијата на РСМ, одговорноста е на партијата, но за жал, тоа ќе го запре патот на Скопје кон ЕУ на подолг период, и ќе ја отвори можноста Албанија да се одвои од Северна Македонија, нагласува Ќучук.
Тој вели дека е согласен со мислењето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека во случај на неуспех, причините треба да се бараат само во Скопје.
– Мора да има јасен политички знак, односно обединети напори од сите. Дебатата може и мора да биде жестока кога се зборува за внатрешно-политички прашања, но кога се зборува за столбовите на интеграцијата, НАТО и ЕУ – овде треба да има само едно мислење – следење на стратешките приоритети на земјата. Таков е бугарскиот пример, посоува Ќучук.
Прашан за неосогласувањата околу историските прашања, тој порачува дека историјата треба да се остави во рацете на историчарите, а политичарите треба да гледаат во иднината.
– Денешните политички елити на Бугарија и Северна Македонија имаат многу различни работи да одлучуваат кога зборуваме за иднината. Вклучувајќи деловни односи, култура, образование,…, се што мора да се направи за да можат двете земји да се зближат како земји, имајќи го предвид нивното заедничко минато, да бараат заедничка иднина во рамките на ЕУ. Тоа е во интерес на двете земји, смета Илхан Ќучук.