Немало патници во автобусот на ЈСП што попладнево се запали во близина на гаражите на јавното претпријатие во Автокоманда. Оттаму за МИА информираат дека е причинета поголема материјална штета и дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот.
– Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење, велат од ЈСП за МИА.
Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ на Град Скопје со едно возило.