Манчестер јунајтед фрли тон пари за да создаде силна одбрана, а таа нема меч на кој не прима гол, а врв на сѐ е денешната атракција на Ерик Баи, кој си постигна ефектен автогол уште по седум минути од дербито со Манчестер сити за водство на „граѓаните“ со 1-0.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска со автоголот си се запиша во историјата како прв фудбалер кој дава автогол во дресот на „црвените ѓаволи“ во градските дерби пресметки со Сити.