Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја е 15-от учесник на Светското првенство, кое од 21 ноември до 17 декември ќе се одржи во Катар.
Јужна Кореја избори место на Мундијалот, откако вечерва ја совлада Сирија со 2-1 на неутрален терен во Дубаи во натпревар од 8. коло во азиските квалификации, и со тоа го обезбеди едно од првите две места во групата А, од која претходно виза за Светското првенство резервираше Иран.
За Јужна Кореја ова ќе биде 11-ти настап на светските првенства, а десетти во низа. Покрај домаќинот, Јужна Кореја и Иран, настап на Мундијалот 2022 досега обезбедија и Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија, Холандија, Бразил и Аргентина.