Италијанските фудбалски гиганти Милан и Јувентус во дербито на Италија одиграа без голови 0-0, Иако Милан имаше подобри шанси, сепак, не успеа да го најде патот до голот, па на крајот мрежите мируваа.

Голем хендикеп за „росонерите“ беше и повредата на Ибрахимовиќ уште во 28. минута, со што мораше и без него во нападот.

Интересно е тоа што Јувентус според статистиката, не упати ниту еден директен удар кон голот на Мењон.. На овој резултат најмногу се израдува екипата на Интер, кој дополнително ја зголеми разликата пред својот градски ривал на врвот од табелата во Серија А.