Италијанскиот фудбалски великан Јувентус полека се искачува кон горните позиции на табелата откако денеска оствари многу значаен триумф на гостувањето кај Лацио со 2-0.

Двата гола на мечот беа постигнати од пенал, еден во првото, еден во второто полувреме, а Леонардо Бонучи двапати беше прецизен од белата точка.

Јувентус сега е на шесттата позиција со 21 бод колку што има и Лацио.