Сопранистката Ермонела Јахо зборувајќи за нејзиниот успех нагласува дека ништо не се постигнува без колосална работа и оти нејзиниот успех е посветен на албанското образование и неговите наставници. Таа дури се присетува на училишните денови и маките од тоа време, нагласувајќи дека дома немала пијано и морала да се буди во 5 часот наутро за прва да оди на часот по пијано, но со многу скромност вели дека страста тера да се поминува низ секаква тешкотија, наведува таа во емисијата на Алсат.

„Мојот успех започнува од албанското училиште, имав голема среќа, учев со професори кои претходно имале историја, каде што сè беше сфатено многу сериозно. Се сеќавам на една моја учителка, Соња Суло, се сеќавам дека ако згрешев и најмала грешка, ќе останеше после часовите – дополнително да повториш, некаква казна како да кажам. И тоа беше извонредна дисциплина, но таа дисциплина ја добив и од татко ми кој беше воено лице и имаше ваква филозофија, ништо не се постигнува без колосална работа… Немав пијано дома и станував во 5 часот наутро за прва да стигнам кај клавирот. Или еднаш се сеќавам, вратата од училницата беше затворена и јас влегов низ прозорецот и ми се искинаа панталоните кои моите родители едвај ми ги купија… Значи страста ве тера да надминете секаква тешкотија“, изјави сопранистката Ермонела Јахо.   /Алсат.мк

Прикажи повеќе