Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека вчладата разгледува можност да даде условено, рано одобрение за ковид-апчиња развиени од фирмата „Шионоги“.

Ако клиничките испитувања ја потврдат сигурноста и делотворноста на лекот, би сакале тоа веднаш да го разгледаме, рече Кишида на состанокот на парламентарниот одбор кој се пренесуваше на телевизија.

„Шиноги“ одвоено објави нови резултати од тековното клиничко испитување на лекот, познат како S-217622, и покажаа „значителна разлика“ во антивирусниот учинок во споредба со плацебо, како и подобрување на симптомите. Извршниот директор Исао Тешироги на новинарите им рече дека фирмата може да поднесе барање за рано одобрение на лекот веќе идната недела и дека имаат можност да испорачаат милион дози до крајот на март.

Весникот „Маиничи“, порано јави дека Јапонија размислува да ѝ одобри на фирмата „Шионоги“ продажба на антивирусните орални апчиња веќе оваа пролет, откако на фармацевтската компанија ѝ беше дадено одобрени да ја прексокне завршаната фаза од клиничкото испитување.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.