Николај Јакобсен ќе се обиде да сочува сили за понатамошниот дел од Европското првенство на последниот меч од групната фаза против Македонија.

Данска ќе биде фаворит за бодовите и ќе игра без притисок. Поради тоа селекторот се одлучи да им даде одмор на неколку ѕвезди, а во текот на натпреварот ќе се обиде да го разигра целиот тим од клупата на резерви.

„Секогаш сум поддржувач на штедењето. Ако можеш да заштедиш, направи го тоа затоа што ќе ти треба подоцна. Дали чини нешто? Не верувам дека е така. Има толку многу смиреност и самодоверба во тимот овде што ако играме лош натпревар, веројатно ќе бидеме конкурентни за победата. За нас е важно да влеземе и да го направиме она што треба да го направиме против Македонија. Мора да играме натпревар во полн ек и да играме за да победиме“, вели Јакобсен.

Македонската репрезентација со двата порази на стартот ќе ги заврши настапите на шампионатот. Останува само да ја доигра групната фаза и достоинствено да ги комплетира натпреварите.