Популарниот бенд Артист објави нова песна и видеозапис за „Ѕвездо моја“.

Видеото е под продукција на Алек Тасевски.

Овој бенд го сочинуваат пет млади музичари кои своите музички квалитети ги спојуваат под слоганот – ‘We play music, we make art’.

Фрнтмен е Кристијан Тасевски, додека пак бендот го сочинуваат и Никола Николовски и Даниел Маневски со клавијатури, Гоги Мицевски со тапани и Теодор Љушкоски со саксофон и кларинет.

Во продолжение слушнете ја новата песна: