На големо се најавува дека во Норвешка се создава ракометен „дрим-тим“. Екипата на Колштад се подготвува за големи вложувања и е спремна да носи големи ракометни имиња.

Едно од нив е 26-годишниот Сагосен, кој во моментов е член на бундеслигашот Кил. Во него се гледа лидер на колективот кој според најавите ќе игра сериозна улога во ракометна Европа. Медиумите на големо поврзуваат нови имиња со Колштад, а се објави и каков може да биде стартниот тим на норвешкиот прволигаш.

Покрај Сандер Сагосен, тука се голманот Торбјорн Бегеруд (ГОГ Гудме), десното крило Сигвалди Гудјунсон (Киелце), левото крило Себастијан Бартхолд (Алборг), средниот бек Јанус Смарасон (Гепинген), пивотот Магнус Гулеруд (Магдебург) и десниот бек Магнус Род (Флензбург).

Ќе стане ли овој план на Колштад реалност и ќе добие ли Европа нов конкурент за ракометниот трон?