Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на победникот на Австралија опен, Рафаел Надал за 21. Грен слем титула, како и на организаторите на турнирот.

– На овогодинешниот Австралија опен се играше извонреден тенис, а финалето беше исклучително. Честитки до Ешли Барти за неверојатниот настап пред домашната публика и Даниел Колин за неверојатниот турнир што го одигра. Честитки до Рафаел Надал за неговата 21. Грен слем титула. Неверојатно достигнување. Секогаш импресивна борбеност, која преовладуваше и овој пат. Медведев даде се од себе и играше со страста и одлучноста што ги очекувавме од него, напиша Новак на својот Твитер профил.