Драмата за влезот на Новак Ѓоковиќ во Австралија сè уште трае. Српскиот ас иако слета во Мелбурн, не му беше дозволено да го напушти аеродромот и моментално е на распот кај граничните власти.

Одредени австралиски медиуми пишуваат дека нема да биде изненадување доколку првиот рекет на светот заврши во имиграциски притвор.

„Еден извор ни кажа дека Ѓоковиќ може да биде испратен во имиграциски притвор“, пишува Хералд Сан.

Уште од самиот почеток на пандемијата, ковид-протоколите се многу јасни и строги во Австралија, особено во Викторија, каде што се игра првиот овогодишен Грен слем. Услов за влез во Австралија е доказ за примени две дози на вакцина за ковид-19, или специјална медицинска пропусница, каква што наводно поседува српскиот тенисер.