Новак Ѓоковиќ испадна од Топ 5 на АТП листата. Новак поради повреда се повлече од завршниот АТП Мастерс кој оваа недела се игра во Торино, на кој победи минатата година, Ѓоковиќ загуби 1.300 бодови и падна на шестото место со 3.910 бодови.

Прв на АТП листата е Јаник Синер со 10.330 бодови, втор е Германецот Александар Зверев со 7.315 бодови, додека на третата позиција е Шпанецот Карлос Алкараз со 6.810.

Русинот Данил Медведев е на четвртото место на АТП листата, додека Американецот Тејлор Фриц го престигна Ѓоковиќ и моментално е петти тенисер во светот.

Зад Ѓоковиќ се Норвежанецот Каспер Руд, Русинот Андреј Рубљов, Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров.

Текстот Ѓоковиќ испадна од Топ 5 на АТП листата е превземен од МАКФАКС.