Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско го завршија учеството во двојки на турнирот во Доха. Овој меч беше последен во кариерата на Вердсако.

Подобри од српско-шпанската комбинација беа Хари Хеливар и Хенри Патен, инаку втори носители и актуелни шампиони на Австралија опен. Ѓоковиќ и Вердаско загубија со 2:0 (7:5, 6:4).

Вообичаено Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на тениските мечеви, но овојпат не беше така. Ова беше збогување на Вердаско со професионалниот тенис.

Во првиот сет Ѓоковиќ и Вердаско немаа многу шанси, ниту една брејк топка. Хелиовара и Патен одиграа многу искусно и во 11. гем ја искористија четвртата брејк топка за водство од 1:0.

Тие веднаш направија брејк во вториот сет, а Ѓоковиќ и Вердаско не успеаја да ги искористат единствените брејк топки кои ги имаа во шестиот и осмиот гем.

На крајот по 81 минута турнирот заврши за Ѓоковиќ и во двојки, а кариерата заврши за Фернандо Вердаско.

По седум титули, вкупно 23 финалиња и преку 500 победи на АТП, Вердаско се прости од тенисот. Со Шпанија освои и три титули во Девис купот“ (2008, 2009, 2011), а неговиот форхенд и понатаму беше на завидно ниво, дури и во последниот меч во кариерата.

Најдобриот пласман на АТП листата му беше седмото место.

Текстот Ѓоковиќ го заврши учеството во Доха, а Вердаско стави крај на кариерата е превземен од МАКФАКС.