Голманот на Јувентус и Полска, Војчех Шчесни даде силна изјава во врска со руската агресија врз Украина. Русија ќе се соочи со Полска во баражот за квалификациите за Светското Првенство на 24 март, но претседателот на Полската Фудбалска Федерација потврди дека тие немаат намера да учествуваат на тој натпревар, поради воената ситуација.

„Одбивам да играм против играчи кои избираат да ги претставуваат вредностите и принципите на Русија. Одбивам да застанам на теренот, носејќи ги боите на мојата земја и слушајќи ја химната на Русија. Одбивам да учествувам на спортски настан што ги легитимира постапките на руската влада. Мојата сопруга е родена во Украина, на телото на мојот син има украинска крв. Дел од нашето семејство е во Украина и многу од моите вработени се украинци и сите се одлични луѓе“, беа зборовите на полскиот голман споделени преку Инстаграм.

Тој ги повика и ФИФА и УЕФА да донесат одлуки против Русија.

Прикажи повеќе