Сините зони на долговечноста се пет различни заедници „расфрлени“ низ светот на кои заедничко им е тоа што имаат најголема концентрација на жители кои живеат над 100 години. Нивната долговечност лежи во специфичниот начин на живот, вклучувајќи ја и исхраната.

Сините зони детално ги истражувал авторот Ден Бетнер, а особено е интересна неговата анализа на различни видови храна во секој регион. Имено, Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика се означени како места каде живеат најдолговечните луѓе. Јасно е дека секоја област припаѓа на различни култури и клими, па затоа е невозможно целосно да се преклопуваат кога е исхраната во прашање.

Сите тие јадат разновидна храна богата со влакна, зеленчук, овошје, млечни производи и мали количини месо и риба, па се идентификуваат уште неколку важни заеднички елементи. Поточно, вообичаената храна што се консумира.

Имено, додека современиот свет држи диети со исфрлање на јаглехидратите од исхраната, од нив живеат најдолговечните луѓе.

Се испостави дека повеќето жители на сините зони обично јадат комбинации на здрав скроб. Тие вклучуваат цели зрна, мешунки и компири. Зеленчукот бил на второ место за секоја зона, заедно со овошјето, односно сите намирници богати со влакна и хранливи материи од растително потекло.

Важно е да се напомене дека, кога станува збор за јаглени хидрати, овие заедници консумираат цели зрна како овес, јачмен и кафеав ориз. Лебот содржи цели зрна и најчесто се пече во домаќинствата.

Слаткиот компир е основна храна за заедницата во Окинава. Мешунките, како што се гравот, наутот и леќата, исто така се сметаат за основна храна за многу други заедници. Во Лома Линда мешунките и производите од соја се консумираат почесто со зеленчук, додека процентот на житарки во нивната исхрана е значително помал.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.