Кошаркарите на Феникс продолжуваат со маестралните партии во дебитантската сезона, откако вечерва, на домашен терен, дојдоа до најдрагоцената победа во пресметката со актуелниот шампион МЗТ Скопје 90-83, остварена по едно продолжение.

Американците Џонс и Морган со по 20 поени беа најпрецизни кај победникот, каде што фантастичен беше и македонскиот репрезентативец Андреј Митевски со 18 поени, 11 скока и пет асистенции.

Немања Милошевиќ со 18 поени беше најпрецизен кај МЗТ, каде што Роберт Рикиќ и Дамјан Стојановски имаа дабл-дабл ефект со по 14 поени и со 13 односно 10 скока.

Во вториот денешен меч од 10. коло од Првата лига, Пелистер ептен лесно го совлада Гостивар (101-76), со што остана единствен непоразен тим во елитата.