Оваа беше меч на првите две екипи на табелата, лидерот Шкупи дојде до трите бода и се зацврсти на врвот на табелата.

По мирното прво полувреме, Нигериецот Адетуњи во 55. минута даде гол за водство на Шкупи од 1-0. Во 69. минута Алаварез го зголеми водството на 2-0.

На десетина минути до крајот Ренова преку Мустафов намали на 2-1 за интнересен финиш на мечот, но тоа беше и конечниот резултлат.

Утре од 14 часот се играат останатите натпревари: Борец – Академија Пандев, Скопје – Тиквеш, Македонија ЃП – Струга ТЛ, Пелистер – Брегалница и Шкендија – Работнички.