Битката за полуфиналето на ова ЕП 2022 за ракометари меѓу Норвешка и Шведска вечерва во Братислава, ја добија Швеѓаните со 23:24.(14:9).

Сосема заслужено зошто знаеше како да го одигра финишот кој беше супер – интересен. Кринс од седум метри на 15 секунди до крајот успеа да погоди за победа, иако Норвешка во текот на целиот меч водеше.

Па така Шведска со оваа победа главната фаза во групата ја заврши како втора. Со тоа Шведска и Шпанија ќе играат во полуфиналето од оваа група.