Уште откако излезе идејата за СП, која две третини од Конгресот на ФИФА ја одобрија за изготвување на физибилити студија за Светско на две години, Чеферин и УЕФА јасно и гласно се спротивставија, како и јужноамериканскиот КОНМЕБОЛ, но и главните фудбалски здруженија, клупската ЕКА, здружението на фудбалери ФИФПро и здружението на клубови ЕФЛ.

„Таа идеја за Мундијал на две години е против машкиот и женскиот фудбал. Таа идеја е против олимпизмот и олимпискиот дух. Затоа, Светско на две години – никогаш нема да се случи“, вели Чеферин.