Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ е пред нов предизвик кога е во прашање неговиот престој, останување во Австралија каде сака да ја брани грен слем титулата во Мелбурн.

Иако неколку дена беше мирно откако успеа да ги добие властите пред федералниот суд, сепак на крајот министерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и ја укина визата на најдобриот светски рекет на кого сега му се заканува депортација.

Сега се очекува реакција на Ѓоковиќ и неговиот тим, а во меѓувреме судската репортерка на Асошиејтед прес Карен Свини ги издвои сите можни решенија од новонастанатата ситуација.

1. Ѓоковиќ го прифаќа второто одбивање и се качува во авионот што го превезува од Австралија

2. Жалбата е успешна, останува во Австралија и игра на Австралија Опен

3. Жалбата е неуспешна и се качува на авион што го превезува од Австралија

4. Тој победува на суд, но владата вложува жалба на одлуката. Потоа ќе треба да се одлучи дали ќе остане или ќе може да го напушти притворот за имигранти и дали може да игра на Австралија опен за време на жалбената постапка.