Русија соопшти дека би можела да ги прекине „операциите“ во Украина „во секое време“ доколку Киев ги исполни бараните услови.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Украина треба да го признае Крим како руски регион, додека Доњецк и Луганск треба да бидат признати како независни држави.

Покрај тоа, Песков рече дека Украина исто така треба да го смени својот Устав и да одбие членство во кој било блок.

Тој додаде дека Русија ќе ја заврши „демилитаризацијата“ на Украина и дека доколку се исполнат овие услови, руската воена акција „веднаш ќе престане“.

Прикажи повеќе