Челси и Манчестер јунајтед одиграа 1-1 во големото дерби на Стемфорд Бриџ.Карик се определи за дефанзивна тактика, играта ја препушти комплетно на Челси и од контра напади се обидуваше да го загрози голот на Менди.

Челси можеше да поведе уште во четвртата минута но Хадсон Одои наместо да му ја подаде на Вернер кој беше сам, реши да шутира и Де Хеа го одбрани неговиот удар. Во 31. минута Ридигер со шут од далечина ја погоди пречката од голот на Манчестер јунајтед.

Резултатот беше отворен по пет минути игра во второто полувреме кога по една катастрофална грешка на Жоржињо, Џејдон Санчо постигна гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0. Во 68. минута беше досуден пенал за Челси, па Жоржињо доби шанса од белата точка да се искупи за грешката и му успеа, даде гол за израмнување на 1-1.

Во последните моменти од мечот Ридигер имаше голема шанса, од идеална позиција шутна високо над голот по што судијата отсвире крај. На овој резултат се израдуваа Манчестер Сити и Ливерпул кои се доближија до Челси.