Тренерот на Барселона, Чави Ернандез на прес-конференција пред натпреварот против Атлетико Мадрид, зборуваше и затоа дали Усмане Дембеле ќе продолжи да настапи во дресот на Барселона. Каталонскиот гигант му соопшти на Дембеле или да потпише нов договор или да го напушти тимот.

Но, очигледно зборовите на шефовите на каталонскиот гигант се само зборови, бидејќи Дембеле, е во екипата пред утрешниот меч против шпанскиот шампион.

„Се што беше можно што требаше да се направи за да се најде начин да се отстрани Дембеле е направено. Ја разбирам позицијата на сите, но треба да дадеме се од себе за клубот. Мислиме дека ќе ни помогне, па Дембеле утре ќе биде дел од тимот“, изјави Чави.

Каталонскиот гигант утре со почеток од 16:15 часот ќе одигра дерби натпревар на „Камп Ноу“ каде ќе го пречека шпанскиот шампион Атлетико Мадрид.

Прикажи повеќе