Чави Ернандес одново излезе со тим во кој преовладуваше младоста и токму свежиот погон и донесе победа на Барселона против Елче, бидејќи стрелци на головите беа Феран, Гави и Нико.

Младите фудбалери од „Ла Масија“ доаѓаат до израз во ситуација кога се случува вистинска револуција во тимот, но сепак еден играч се издвојува, а тоа е сензационалниот Гави.

– Да го имате Гави во тимот е вистински спектакл, како се натпреварува на свои 17 години, тој е иднината на овој клуб. Нема да ги заборавиме и Нико, Абде и останатите. Јас играв тука со свои 18 години и бев исплашен, а Гави преизвикува емоции кај сите. Ваков играч е бесценет за еден тренер. Изненадува што прави вакви работи на свои 17 години. Постигна гол и даде асистенција за победа, нема потреба да го споредуваме со никого. Нека не застанува, бидејќи не постојат граници за него. Реално гледано, денеска требаше да победиме многу порано, но на крајот стигнавме до трите бода, – изјави Чави по триумфот од 3:2.