Црна Гора денеска прогласи руски дипломат за персона нон грата поради кршење на дипломатските норми и му нареди да ја напушти земјата во следните 72 часа, се вели во соопштението на црногорското министерството за надворешни работи.

„Причината за донесување на оваа одлука е проценката на активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, направена од релевантните безбедносни институции во Црна Гора“, соопшти Министерството, без да даде дополнителни детали.

Прикажи повеќе