Францускиот производител на автомобили Цитроен денеска ја повлече рекламата што се емитуваше во Египет, во која се појавува поп ѕвездата Амр Дијаб, а корисниците на социјалните мрежи обвинија дека промовира сексуално вознемирување.

Компанијата соопшти дека не толерира каков било облик на вознемирување и им се извини на сите кои биле навредени.

Во реклатата Дијаб ја користи камерата од својот автомобил да фотографира жена која преминува улица, очигледно без нејзина дозвола, а подоцна се возат заедно.

Новинарката Рим Абделатиф реклата ја оцени како „морничава“.

Писателката Амал Алхарити на Твитер напиша дека е поразувачки што целата екипа што учествувала во креирање на спотот не сфатила дека со тоа повредува нечии права.

Во коментар на Инстаграм, Цитроен Еџипт предупреди дека мажите кои ја гледаат рекламата може погрешно да разберат дека несаканото фотографирање на жена може да доведе до средба, додека во реалноста би можеле да бидат осудени на затворска казна.