Нови лоши вести за сите во таборот на ракометната селекција на Хрватска во пресрет на стартот на ЕП 2022.

Лука Циндриќ и Домагој Дувњак, и двајцата клучни играчи во репрезентативниот тим имаат повторно позитивни тестови.

Двајцата ќе останат во изолација во Осијек, најмалку до 15-16 јануари, кога ако добијат негативни тестови ќе можат да им се приклучат на своите колеги од репрезентацијата.